Проект за рехабилитација на железничката пруга Битола - Кременица

Bez autora
Oct 04 2012

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески пред градоначалниците и стопанствениците од Пелагонискиот регион го претстави проектот за рехабилитација на железничката пруга Битола Кременица, што води до меѓународниот граничен премин на Република Македонија со Република Грција. Тој истакна дека со овој проект се предвидува и изградба на крак кон индустриската зона Жабении, со што дополнително ќе се придонесе за атрактивноста на зоната и за развојот на пелагонискиот регион. Со средства од ИПА-програмата ќе вршиме и рехабилитација на поголемите железнички станици по коридорот 10 и 10-д кој ги опфаќа железничките станици во Велес, Прилеп, Битола и други седум железнички станици. Во овој момент се изработуваат проектите и очекуваме во 2013 година, односно по завршувањето на задолжителната процедура, да започне процесот на ангажирање градежна компанија.

Проект за рехабилитација на железничката пруга Битола - КременицаМинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески пред градоначалниците и стопанствениците од Пелагонискиот регион го претстави проектот за рехабилитација на железничката пруга Битола Кременица, што води до меѓународниот граничен премин на Република Македонија со Република Грција.

Тој истакна дека со овој проект се предвидува и изградба на крак кон индустриската зона Жабении, со што дополнително ќе се придонесе за атрактивноста на зоната и за развојот на пелагонискиот регион.

- Со средства од ИПА-програмата ќе вршиме и рехабилитација на поголемите железнички станици по коридорот 10 и 10-д кој ги опфаќа железничките станици во Велес, Прилеп, Битола и други седум железнички станици. Во овој момент се изработуваат проектите и очекуваме во 2013 година, односно по завршувањето на задолжителната процедура, да започне процесот на ангажирање градежна компанија - истакна министерот Јанакиески.

Министерот очекува до крајот на годината да пристигне позитивна одлука за со средства од ИПА-програмата да се рехабилитира и патниот правец Прилеп Битола - граничен премин Меџитлија.

- Ова се мерки за засилен економски развој на пелагонискиот регион, бидејќи без добра инфраструктура многу потешко доаѓаат инвеститори. Прилеп, Битола и Новаци веќе стануваат добар пример за индустриски развој на општините, а воедно на овој начин продолжува нашата поддршка на локалните самоуправи која континуирано се потврдува со изградба на локални патишта како наш фокус во изминатите години - истакна Јанакиески.

Градоначалниците на Битола и Прилеп, Владимир Талески и Марјан Ристески, потврдија дека рехабилитацијата на железничката пруга до границата со Република Грција позитивно ќе влијае врз вредноста на индустриските зони што се во непосредна близина на двата града, поголема ефикасност во однос на изградбата на фабрики и нивно функционирање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik